За колачињата (cookies) и како се користат
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Vo red
Бараме 12 ѕвезди за Бебе календар за 2020 година
Images Clipart
Се натпреваруваат веќе 1167 ѕвездички, а пријавата е можна уште
7 ДЕНОВИ 12 ЧАСОВИ 32 МИНУТИ 12 СЕКУНДИ
Oglej Si Nasmehe
 
Ѕвезда на бебе календар » Пријава
Ѕвезда на бебе календар за 2020 година
Драги родители, препуштете се на моментите на среќа со вашите малечки и задолжително забележете ги сите тие незаборавни моменти! Меурчиња, миризливи меурчиња има насекаде околу вас, смеата и играта ве понесуваат...а потоа следува скокоткаво смеење и тркалање во бањарката. Секое бањање е посебен ритуал, зарем не? Споделете ги овие моменти со нас и нека Вашето дете стане една, во низата ѕвезди, кои сјаат на небото на Рингераја!!!

Веруваме дека сте подготвени со испраќање на фотографија од Вашето малечко сонце, да учествувате во натпреварот за “Ѕвезда на бебе календар за 2020”! Оваа година за ПРВ ПАТ во Македонија се организира изборот за Ѕвезда на бебе календар 2020 година. Ајде да го направиме првиот избор незаборавен. Заедно да навиваме, да коментираме, да гласаме.

И на крај да добиеме 12 најсјајни ѕвездички. Ни претстојат денови на прекрасна забава!

Драги родители, дојде време да избереме 12 ѕвезди, кои ќе го красат Бебе календарот за 2020 година, а кој ќе се најде на ѕидовите на семејствата во Македонија. Секоја ѕвезда ќе претставува по еден календарски месец во годината. Учествувајте во забавниот натпревар за и Вашето малечко да се најде во најѕвездениот Бебе календар. Се натпреваруваат малечки деца со возраст од 0 до 5 години.

Забавата започнува на 18.10.2019 година!!!
largeBoxImage
Карактеристики на фотографијата
Не е пожелно фотографијата да прикажува премногу голотија на Вашето бебе, посебно не се дозволени фотографии каде се гледаат гениталиите.

Пример за правилна фотографија: се гледа само главата со мокра коса и пена од шампон, сушење или чешлање на косата, додека детето е замотано во крпа/бањарка или соодветна облека, или дете во кадичка со тоа што поголемиот дел од телото на вашето бебе е потполно покриен, или игра на вашето малечко пред или по бањање, симпатична насмевка, поглед или некоја солзичка за време на бањање, или можеби некоја неодолива поза само за вас (и нас) и сл. Не е дозволено на фотографијата да се наоѓа производ, лого или натпис кој на било кој начин им конкурира на JOHNSON'S®baby производите.

Фотографиите треба да задоволуваат одреден квалитет, да бидат сликани со фотоапарат или со мобилен апарат со минимална резолуција од 3 Mpx и минимална ширина 1600 px заради можноста за користење на фотографијата при печатење на календарот.
Бараме 12 ѕвезди за Бебе календар за 2020 година
Posalji Fotografiju